Мицкоски на средба со Рот: „Договорот со Грција е штетен за интересите на Македонија, не можам да го потпишам“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски оствари средба со Државниот Министер за Европа на Сојузна Република Германија Михаил Рот.

На средбата се афирмираа добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Истовремено, Мицкоски нагласи дека еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Република Грција е штетен на интересите на Република Македонија и дека тој не може го поддржи.

 

 

 

24.07.2018 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега