ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да го испита доделувањето пари за иновации

Почитуван, Господине Деспотовски, можеби сопругата ви вели да бидете горди што сте му поделиле пари на вашиот претпоставен Кочо Анѓушев или на Хари Локвенец, но јас ви велам засрамете се, повлечете се, и престанете да ги ограбувате граѓаните. Вратете ги 10-те милиони евра што ги расфрлате пари на граѓаните, ова денеска преку пресконференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Господине Деспотовски, граѓаните се загрижени дека можеби сте ја послушале не само вашата сопруга, туку и свекрвата, Цветанка Ласкова да и префрлите неколку стотици илјади евра на нејзината снашка, односно сопруга на нејзиниот син. Господине Деспотовски, ова не е за гордост и за смеење. Ова што го правите е трагедија за која што мора да одговара некој. Скандалот „Криминални иновации” добива се поголеми размери. Криминалната банда во Владата достигнува епски размери во инвентивноста како да ограбат што е можно повеќе пари за што е можно пократко време додека се на власт. Криминалот и корупцијата цветаат во моментот кога се менува името и се обидуваат да протнат штетен договор со нашиот сосед, истакнува Арсовски.

Тој додава дека криминалот и корупцијата цветаат исто како што цвета бизнисот на фамилијата на Цветанка Ласкова. Замислете, Фондот за злоупотреби на народни пари доделил 330 илјади евра пари на граѓаните на член од семејството на Цветанка Ласкова, која што е имено советничката на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

-Имено според изборот на Фондот над 330 илјади евра и биле доделени на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е снаата за син на Цветанка Ласкова, Христина Керкез. Иновативниот проект на Керкез е под наслов „Декодирај ме“. Да биде скандалот уште поголем, снашката на советничката на премиерот Заев ја основала фирмата само 45 дена пред да си добие грант 330.000 евра. Добар подарок од свекрвата за новата фирма. Пример за тоа какви треба да бидат односите снаа-свекрва мислам дека треба јавно сите треба да им честитаме. Барем да беше од нејзин џеб, а не од џебот на граѓаните на Република Македонија. Исто така им порачуваме на СДСМ дека јавноста го декодираше многу брзо нивниот систем за богатење на грбот на граѓаните. 330 илјади евра народни пари ќе завршат во семејството на Ласкова, заедно во истиот бран со кој беа доделени милиони на фирмите на вицепремиерот Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец и многу други од СДСМ. СДСМ ветуваа по 10.000 евра грантови за млади амбициозни луѓе пред да дојдат на власт, а сега парите ги земаат директно функционерите на СДСМ. Очигледно е дека повторно се изманипулирани и ограбени граѓаните. Ова е срам, ова е јасно видлив криминал од невидени размери до сега, каде од ден на ден излегуваат се повеќе скандали со кои што треба да се позанимава јавното обвинителство. Го охрабруваме јавното обвинителство да не потпаѓа под разни притисоци и да го истера случајот до крај и сите соучесници да одговараат за овој криминал. Целата јавност виде дека случајот е скандалозен и не смее да помине без санкции, вели Арсовски.

 

 

 

24.07.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега