Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да пишува Албанци/граѓани на Северна Македонија

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села смета дека неговата партија е вистинската  опозициска партија чиј претставник требаше да присуствува на лидерските средби и да има свој член во ДИК, а не крилото на БЕСА на Билал Касами. 

Села денеска на прес-конференцијата во Собранието на РМ најави дека Алијансата на Албанците при отворањето на Уставот ќе има свои амандмани.

Тие, како што рече Села, ќе бидат во делот  на преамбулата на Уставот и ќе се однесуваат на државотворноста на народите и на службениот јазик во државата. 

Тој истакна дека е незадоволен од лидерските средби и дека интересите на опозицијата во албанскиот блок не била соодветно застапена. 

Села посочи дека го поддржува Договорот со Грција, но дека има неколку забелешки:

-Во делот на патните исрави каде стои Македонци/ граѓани на Северна Македонија, ќе бараме за Македнците да биде така, а за Албанците да стои Албанци/ граѓани на Северна Македонија и така за сите народи кои се набројани во преамбулата. Преку процесот на уставни измени ќе бараме во преамбулата сите народи да се чувствуваат еднакви. Треба да покажеме европски ставови. Носител на суверенитетот се сите народи и граѓани и тоа треба да се отсликува. Алијанса за Албанците ќе интервенра во делот на Уставот за службените јазици. Поради истите принципи за кои се настојуваше да се брани македонскиот јазик во преговорите со Грција, според исти принципи имаме прав да го браниме нашиот јазик со име и дефиниција. Тој не е различен од македонскиот јазик, туку е албански јазик и тоа треба да биде отсликано во уставот – рече Села.

 

 

 

24.07.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега