Арсовски: Предлозите за ДИК се подготвени, но прво финансирањето на партиите и пржинската влада

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ вчера не поднесе предлози за членови на Државната изборна комисија, седницата за избор на членови на ДИК во Собрание не беше одржана.

Утринава, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, за „Фокус“ изјави дека предлозите се подготвени, но од партијата ќе почекаат прво изгласаат измените во Изборниот законик и измените во Законот за финансирање на политичките партии, бидејќи така, велат, било договорено на лидерската средба.

-Вчера во текот на првиот дел на средбата беше договорено и прецизирано во однос на законските подобрувања во делот на финансирање на политички партии и техничка влада, за веднаш потоа да се изгласа и ДИК на стар принцип, како и претходно. Предлозите ни се подготвени и ги имаме, но она што е најважно е да отпочне процесот на договореното, а тоа е да се изгласаат законските измени во однос на Законот за финансирање на политички партии и техничка влада пред избори по пржинскиот модел како во 2016 година и веднаш потоа ќе се изгласа и ДИК – изјави Арсовски.

 

 

 

24.07.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега