ДУИ бара финансирање на политичките партии од буџетот

Ние како Демократска унија за интеграција  поддржуваме усвојување на законот за финансирање на политичките партии и нивно финансирање од буџетски средства што би било стабилно финансирање на политичките партии, но истовремено би било и превенција на коруптивни начини на финансирање и на нетранспарентно трошење на парите и добивање на парите“ порача Артан Груби на тркалезната маса за подобрување на моелот за финансирање на политичките партии во Македонија, во организација на организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.

„Сметаме дека ова прашање треба да се уреди преку буџетот, тоа ќе даде придонесе во транспарентноста, а се залагаме и за надзор како се трошат парите на граѓаните од партиите. Дали според мандати или според гласови освоеи на парламентарните избори да се издвојуваат средствата. На овој начин ќе се среди оваа сива зона во финансирање на партиите“, рече Груби.

 

 

 

 

12.07.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега