Излезност по изборни единици до 17 часот


До 17 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 1 920 избирачки места. Од вкупно запишани 1 003 459 гласачи на овие избирачки места, гласале 470 950 граѓани, односно 46,93 отсто од граѓаните со право на глас.

Најголема излезеност во моментов, за Парламентарните избори има во Кривогаштани, со 79,73 проценти. Најмалата излезеност за Парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 22,93 процент.

-Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 8,15 проценти на овие избори, појасни Даштевски. 

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 - 53.22 отсто,
Изборна единица 2 - 41.83 отсто,
Изборна единица 3 - 51.49 отсто,
Изборна единица 4 - 48.49 отсто,
Изборна единица 5 - 47,45 отсто,
Изборна Единица 6 - 34.71 отсто.

08.05.2024 - 18:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега