Андоновски: Денеска победија граѓаните на Република Македонија


"Денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија
” ќе прославуваат заедно со граѓаните, од утре започнуваме со напорна работа и реализација на планот за промените за кои граѓаните гласаа и ги заслужија " , изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Канал 5 Телевизија.

Дополнително, Андоновски коментираше дека е време за национално обединување.

"Не е време за триумфализам, време е за национално обединување, време е за давање шанса на квалитетните и на успешните, и таа шанса се надевам дека оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оствари и ќе биде предводник на промените", истакна Андоновски. 

„Ние немаме ниту време за губење, ниту луѓе повеќе и оваа шанса што граѓаните ни ја дадоа обврзува да не бидеме триумфалисти, туку да бидеме прагматични реалисти кој што ќе размислуваат да подадат рака и да градиме заедно, “, заклучи Андоновски.

08.05.2024 - 23:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега