ДИК: Обработени 62,18 отсто од избирачките места - ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови


Резултатите од Државната изборна комисија од обработени 62,18 отсто од избирачките места,  покажуваат дека Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 227.944 (40%), Европски фронт на ДУИ 92.869 (16,41%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 76.172 (13,46%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 77.658 (13,79%).

Лeвица има 37.012 гласови, Движење ЗНАМ – За наша Македонија 27.689 . Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.


Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

08.05.2024 - 21:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега