Крвава тепачка го потресе Охрид - еден малолетник во болница
Вчера вечерта дошло до крвава тепачка на улицата „Славеј Планина“ во Охрид. Според информациите од МВР, во тепачката учествувале 16 годишниот С.Б. и уште еден 14 годишен малолетник двајцата од Охрид од една страна и охриѓаните С.Ш.(16), П.Д.(17) и А.И.(18) од друга страна.
Двете “банди“ се испотепале со тупаници и клоци по главите и телата. Најдебелиот крај го извлекол С.Б. кој завршил во охридскиот Медицински центар.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
15.09.2013 - 13:32