ВМРО: Судијката Алексовска Стојановска отстапила простор од семејната куќа за партиски штаб на СДС

 


СДС го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Седум години власт наместо да работи на реформи и професионализација на правосудните органи, СДС во нив ставаше негови послушници, кои место по закон работеа по партиски директиви.

Тоа може да се види и од долгогодишниот прогон на ВМРО-ДПМЕ, каде што послушните судии партиските соопштенија на СДС ги преточуваа во судски одлуки, носејќи драконски казни за политички монтирани случаи.

Таков е и примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска која за монтиран случај против ВМРО-ДПМНЕ пресуди драконски казни, а од затвор спасила лице кај кое било пронајдено значително количество дрога, кој по нецела година одзеде млад живот на скопските улици.

Дека судијката Алексовска Стојановска е кадар на СДС, освен по прогонот и драконските казни за ВМРО-ДПМНЕ, може да се заклучи и од тоа што во нејзина куќа  сместиле партиски штаб.

Односно, во куќа во сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска е сместен општинскиот штаб на СДС во Ранковце.

Таа е судијка која требала да биде непристрасна и да работи согласно закон, без политички влијанија, но наместо тоа, не само што во нејзиното работење била пристрасна и судела по партиски директиви, туку во нејзиниот дом во Ранковце го сместила општинскиот штаб на СДС.

Од ваквата постапка на отстапување на простор од семејната куќа за партиски штаб е очигледна блискоста и поврзаноста на судијката Алексовска Стојановска со СДС.

И токму поради ваквите судии длабоко поврзани со политиката и партиите, потребна е итна реформа и ресетирање на правосудниот систем“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

03.02.2025 - 10:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега