Знамето од Кутлеш ги скара Шалке и германската полиција

 

Министерот за внатрешни работи на германската покраина Северна Рајна соопшти дека припадниците на полицијата веќе нема да бидат вклучени во безбедноста на домашните натпревари на Шалке.

Оваа одлука ја донел министерот Ралф Јагер по многуте критики кои биле упатени до полицијата по неодамнешниот меч против ПАОК во квалификациите на Лигата на шампионите.

Полицијата тогаш влета на трибината за да го заплени македонското знаме, односно знамето со сонцето од Кутлеш кое домашните навивачи го вееја како провокација за грчките навивачи.

Навивачите на Шалке не ја прифатија постапката на полицијата која со помош на солзавец ја испразни целата трибина. Од клубот оваа акција ја нарекоа претерана и побараа објаснување.

 Сепак наместо тоа добија шокантна одлука. За мечевите кои ќе ги игра на домашен терен Шалке сега ќе мора да се потпре замо на редарите, додека полицијата нема да учествува во обезбедувањето на натпреварите.

13.09.2013 - 11:23

најчитано сега