Реакција на Комити по мечот со Шкендија: Полицијата не тепаше како во комунизмот

 

„Овој 1ви Мај ќе остане запаметен, невидена работа се случи на Градскиот Стадион. Се играше натпреварот Вардар-Шкендија, полуфинале од купот на Македонија.

ДЕЛ 1:
На стадионот мизерија немаше ниту 300гледачи се на се, управата треба да се запраша зашто народот несака да го гледа Вардар и со што придонеле за да привлечат луѓе на стадион?
Дали со катастрофалниот термин 1ви Мај, 18,30 часот или пак со тоа што цело Скопје недели уназад шпекулираше дека натпреварот е наместен?
Да потсетиме само пред еден месец на истиот стадион, истите тимови, истите играчи играа и резултатот беше 6-1. Дали и овој пат проработе штелата па според Рамковен Шкендија беше пуштена во финале?
Резил за Скопје, резил за Македонците, резил за играчите!!!

ДЕЛ 2:
Трагедијата да биде уште поголема пред крај на натпреварот сосема непотребно се наредија огромен број на специјалци пред трибината видно исфрустрирани поради тоа што на празник мора да се на работа поради нас, а навивачите видно изнервирани поради лошиот резултат на Вардар, се разменија вербални пцовки по што истите специјалци и полицајци начекаа село без кучиња, односно празен стадион и на сила влегоа на навивачката трибина при што тепаа кого стигнат, не гледајќи дали се тоа деца или девојки. Трагедијата да биде поголема откога излеговме од трибината, специјалците излегоа надвор од стадионот да се допресметаат со нас, по што може да се види дека бевме дел од голема намештаљка, многу членови бркани до своите домови и тепани како во Комунистичко време.Многу членови приведени!

Која беше потребата полицијата да се нареди пред нашата трибина и кого бранеа од нас кога стадионот беше празен?
Која беше целта да се излегува надвор и да се бара додатна рчка?
Отсекогаш сме биле праведни и со прави идеали, ова денеска што се случи беше само еден дел од Македонскиот синдром на самоуништување !“

(Интегрален текст од соопштение на навивачката група Комити)

најчитано сега