Нема веќе тајмери на семафорите во Скопје - наместо нив доаѓаат камери и сензори

 

Поради стартот со работа на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), ќе бидат отстранети одбројувачите од сите крстосници опфатени со овој систем. Секундарниците се отстрануваат бидејќи истовременото функционирање на ЦУКС-от и одбројувачите би довело до променливи зелени времиња, пишува Вечер.

Одбројувачите кои досега стоеја над семафорите и одбројуваа уште колку време има до палењето на зелено или црвено светло, повеќе ги нема на градските сообраќајници. Тие се отстранети поради новиот Центар за управување и контрола на сообраќајот кој со помош на камери и детекторски индикативни јамки ќе ги диригира зелените периоди на семафорите во зависност од колоните на улиците.

- Поради почнувањето со работа на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), одбројувачите од сите крстосници опфатени со овој систем ќе бидат отстранети. Главната причина за тоа е што при истовремено функционирање на ЦУКС-от и одбројувачите ќе дојде до случај на променливи зелени времиња (поради поголем број возила автоматски од ЦУКС-от да биде продолжен зелениот сигнал, а одбројувачот да го покажува програмираното време за зелено светло) и да настане забуна кај учесниците во сообраќајот, објаснуваат од градот Скопје, пренесува Вечер.

Од Град Скопје објаснуваат дека одбројувачи нема ниту во другите европски градови каде има центри за управување со сообраќајот.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот предвидува на околу 90 крстосници низ Скопје да се постават сензори кои ќе ги бројат и ќе ги детектираат возилата. Крстосниците во Скопје ќе добијат и 50 камери преку кои ќе се врши визуелен мониторинг на сообраќајните текови и 47 нови семафорски контролери. Ваквите промени ќе предизвикаат, зеленото време да биде променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку детекторските инфукативни јамки. Крстосниците межу себе но и со Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе се поврзат со оптичка мрежа која треба да овозможи пренос на податоците до центарот и обратно. Со формирањето на центарот предвидено е воведување на адаптивна контрола на сообраќајот на околу 90 крстосници.

11.09.2013 - 12:57

најчитано сега