Змија отровница долга два метри лази по скопски Аеродром

 

Змија долга два метри, со жолти риги ја потресе скопската населба Стар Аеродром, објавува Дневник. Според весникот, летово имало неколку повици дека биле забележани змии и во други скопски населби и села, Kисела Вода, Тафталиџе, Соње.

- Се шокирав кога шетајќи се со колешката по булеварот Јане Сандански кај „Тобако 1“, околу 21.30 часот здогледавме змија во ќош од една зграда, на само неколку метри од патеката каде што постојано поминуваат луѓе, често и деца и бебиња во количка, за кои таа е можна опасност. Змијата беше долга најмалку два метра, со жолти риги, а ние веднаш се оддалечивме. Не знаевме дали да пријавиме во полиција или во Зоолошка градина - вели 50 годишната Д.М., жителка на Стар Аеродром.

 

10.09.2013 - 11:38

најчитано сега