Сеуште активни неколку пожари на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден на територија на Македонија избувнаа пожари на неколку локации. 

Синоќа избувна пожар на територија на општина Илинден, во селата Миладиновци и Ајватовци со кој е зафатена борова шума. Утрово пожарот е локализиран.

На територија на општина Петровец во Коњари избувна пожар за кој поради непристапноста на теренот гасењето од копно е оневозможено и по барање на градоначалникот на општина Петровец ДЗС утринава во 7.45 часот ги активира двата противпожарни авиони Аир Трацтор за локализирање  на пожарот. Се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде локализиран.

На територија на општина Студеничани с. Варвара во текот на вчерашниот ден појавен е пожар на мешана шума. Според последните информации од подрачната единица на ДЗС, пожарот е локализиран. Во моментот на терен  ангажирани се вработени од Караџица и едно возило од ППБ.

На територија на општина Карпош, на средно Водно денеска во утринските часови избувнал пожар. Во гасење на пожарот биле ангажирани две возила. Според последните информации пожарот е локализиран.

Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи состојбата со пожарите низ целата држава и по потреба ќе презема соодветни активности за нивно гасење. 

08.09.2013 - 10:50
Фото: 
Сител

најчитано сега