Руската репрезентативка Хмирова ново засилување за Вардар

 

Руската репрезентативка Татјана Хмирова  е новото засилување во Вардар. 23-годишната Хмирова важи за еден од најдобрите млади бекови во Европа, а таа потпиша двегодишен договор со Вардар.

- Ова е мој прв чекор на страна во европскиот ракомет. Јас сум многу среќна што мојот нов клуб е токму Вардар. За мене претставува големо задоволство што ќе имам можност да работам со врвни играчи кои како и јас го избраа Вардар, изјави Хмирова за веб страната на македонскиот клуб.

Освен трансферот во ЖРК Вардар СЦБТ и првата преселба во странство, Татјана Хмирова со Македонија ја поврзува уште еден интересен податок. Токму овде на ЕП 2008 на кое Македонија беше домаќин, Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија и го освои бронзениот медал.

ФОТО:Екипа 

најчитано сега