Рамчиловиќ: СДС со својата лоша и неуспешна економски политика ја донесе државата на работ на рецесија

СДС со својата лоша и неуспешна економски политика ја донесе државата на работ на рецесија. Според официјалните податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика, македонската економија тоне. Вчера беше објавен уште еден лош и негативен макроекономски показател. Уште еден пад трет последователен на извозот, истакна Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Извозот во август споредено со јули 2017 година бележи пад од цели 8,2%. А претходниот месец извозот падна за 12,1 проценти. Бројките потврдуваат дека економијата стагнира, фирмите се помалку извезуваат, а со тоа директно се намалува девизниот прилив во стопанството. Помалиот девизен прилив резултира со помал обрт на средства, додека пак тоа ќе ја намали и кредитната способност на банките кон физичките лица, но и кон приватните компании.

Економијата, рече Рамчиловиќ, е влезена во циклус на стагнација.

-Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи намалување од 5,3 проценти. Гледано по сектори, според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање за 6,1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање за дури 8%. Сериозен пад има во секторот на градежништвото од дури 19.9% за издадени одобренија за градба во јули во однос на истиот месец од претходната година. Додека секаде во Европа расте бруто домашниот производ, кај нас бележи вртоглав пад од -1,8%. И сето тоа благодарение на неспособноста на владата на СДС. Просечната плата, наместо да расте како што беше ветено, опаѓа, подвлече тој и додаде:

 

„Со последното задолжувања, владата за четири месеци ја задолжи државата за вкупно 320 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи дополнителни 177 милиони евра. Тоа е пола милијарда евра за само 4 месеци. Да почитувани граѓани, пола милијарда евра наши пари за само 4 месеци потрошени од СДС, без да знаеме на што. Расипничката политика на СДС полека ја придвижува и инфлацијата. Според НБРМ, податоците за инфлацијата за август укажуваат на одредено забрзување на годишната стапка на инфлација на 1,9%, при што просечниот годишен раст на цените во првите осум месеци изнесува 1%. Вакви шокови домашната економија не претепе ниту во услови на светска финансиска криза. Овие падови во економијата се сериозни и истите наговестуваат големи проблеми за Македонија, граѓаните и бизнис секторот до крајот на годината. Македонија осиромашува, Македонија со ова темпо влегува во ресеција“.

 

 

 

05.10.2017 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега