Арсовски: Се што видоа граѓаните во овие 4 и пол месеци се лични богатења на Анѓушев и Заев

СДС и Зоран Заев се 4 и пол месеци на власт во Република Македонија. Во овие 4 и пол месеци власт Зоран Заев мисли само на партиски вработувања, тендери, купувања на фирми и гоштевање на неговите министри и ниту еден проект за доброто на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Полна им е устата со ветувања за почисто Скопје, а 4 и пол месеци ниту со прст не мрднаа да преземат соодветни мерки против загадувањето во градот Скопје. Само ветуваат брда и долини. Немаат ниту една мерка за овој горлив проблем на скопјани. Кога Социјалдемократскиот сојуз  зборува за загадување на воздухот, треба да си погледне во сопствениот двор. 27 години се локална власт во Куманово, а Куманово е најзагадената општина во Република Македонија. 27 години ниту една мерка од локалната самоуправа на Куманово, 4 и пол месеци само празни зборови ветување. Дали Заев ќе вети почист воздух во општина Центар каде што веќе 4 и пол години ја имаат власт, а нема ниту една зелена површина направено од неспособните кадри на СДС во Центар, истакна Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Се што видоа граѓаните, додаде Арсовски, во овие 4 и пол месеци се лични богатења на Кочо Анѓушев и Зоран Заев, а ниту еден проект за граѓаните.

-Граѓаните се уште чекаат одговор како Зоран Заев ја купи Герас Цунев за цена колку една гарсониера во Скопје? Како Кочо Анѓушев како вице премиер си даваше тендери сам на своите фирми од стотици илјади евра? Зошто Вице премиерот Анѓушев злoупотребувајќи ја својата позиција носи одлука за укинување на давачките за литиум-јонски акумулатори кои ги користат во сопствената фирма? Лицемерието на СДС и Заев е прочитано од страна на граѓаните. Лагите и ветувањата повеќе не им поминуваат на СДС. Народот ќе им го каже последниот збор на 15-ти октомври.

 

 

 

 

03.10.2017 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега