ВМРО-ДПМНЕ: Пад во индустриското производство за цели 5.3 птоценти и на извозот за 12отсто

Граѓаните со владата на СДС секој ден стануваат се посиромашни, а државата се позадолжена. Ниту еден макрокекономски показател не е позитивен во последниве 5 месеци. Неодговорната влада на СДС го руши стандардот на граѓаните, со што ја намали просечната плата за 1.3%, два месеци по ред, иако ветуваа плати од 500 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата надополнуваат дека тоа значи помалку пари во семејниот буџет, помалку пари за исхрана, плаќање на сметки, помалку за образование на децата.

-Ветувањата на Заев дека ќе има раст на економијата, паднаа во вода бидејќи во првите четири месеци од нивното владеење, во Македонија има пад на бруто-домашниот производ за 1.8%. Намалениот БДП значи дека целокупната економија произведува помалку од минатата година. Дека економијата на државата стагнира, а фирмите кризираат. Индустријата пропаѓа. Пад се забележа и во индустриското производство за цели 5.3% и на извозот за 12%. Тоа ќе придонесе пад на невработеноста и зголемување на сиромаштијата во Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економијата продолжи да оди во надолна линија со што се одрази и на работењето на банките. Од таму потенцираат дека Народната банка потврди пад на активноста на банките за 1.6%. Ваквите бројки покажуваат дека компаниите и инвеститорите, се помалку бараат и добиваат кредит.

-Работниците во странските компании кои инвестираа во државата се во грч, затоа што се плашат дека тие се следните кои може да останат без работа. Катастрофалните економски политики на СДС не донесе ниту една странска инвестиција. Пад на директните странски инвестиции за 100 милиони евра, ги натера инвеститорите да размислуваат да си одат од државата. Неодговорната влада на СДС се коцка со судбината на граѓаните. Освен што нема план и желба да ги реши проблемите на граѓаните, успеа и да ги задолжи за 420 милиони евра кои ќе ги враќаат новните деца и внуци. 420 милиони евра граѓански пари беа расипнички потрошени од СДС и Заев на луксузирање и партиско вработување, се вели во соопштението на партијата.

Од таму велат дека ваквото неодговорно и неспособно владеење на СДС, граѓаните ќе го казнат. На Македонија и треба Нова Ера и на 15-ти октомври граѓаните ќе ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ.

 
 

 

 

03.10.2017 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега