Мицевски: Производителите на ориз се изневерени и излажани од СДС

Љупчо Николовски и Зоран Заев повторно ги излажаа земјоделците. Земјоделците се соочуваат со најтешките моменти во своите животи, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС пред изборите вети дека цената на оризот ќе биде 25 денари за оризова арпа, додека пак белиот ориз ќе биде 50 денари. Денес нема ништо од ова ветување на СДС. Цената на оризот во моментов е до два пати помала од таа што ја ветуваа СДС. Ова беше уште една лага на СДС само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите. Министерот за земјоделие им објасни вчера на земјоделците дека наместо како што пред избори им ветуваше загарантирана откупна цена, проблемот со оризот ќе го решава со научни анализи после локалните избори, во кои покрај научници од Кочани ќе вклучел и научници од Бугарија и Кина, вели Мицевски.

Тој додава дека производителите на ориз се изневерени и излажани од Љупчо Николовски и СДС. Револтот на земјоделците секој ден се повеќе расте.

-СДС си поигрува со чувствата на илјадници земјоделци кои на крајот на реколтите треба да ги прехранат своите семејства. Само 10 месеци подоцна Зоран Заев јавно кажа дека нема да има субвенции за земјоделците кои нема да можат да остварат поголемо производство за 10% од претходната година. Со ова, земјоделците се оставени на милост и немилост. Едно невреме, може да им го намали родот, а за тоа и да не добијат субвенции. Ова е начинот на работа на СДС. Ова е грижата за земјоделците од страна на Заев и Љупчо Николовски. Два пати пониска цена од ветената и укинување на субвенциите. Ова е потценување на илјадници земјоделци, чиј основен извор на егзистенција е земјоделието. Сега од позиција на власт на СДС гледаме како Заев и Љупчо Николовски јавно ги понижуваат земјоделците. Земјоделците ќе го казнат овој арогантен однос на СДС. На 15-ти октомври ќе стават крај на уништувањето на земјоделскиот сектор во Република Македонија, од кој егзистираат илјадници граѓани.

 

 

 

02.10.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега