Димовски: Инвестициите во гасоводната мрежа овозможуваат развој на целокупната економија во една држава

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се уште еден начин на кој партијата преку своите комисии е во поблиска комуникација. Денеска трибина имаше Комисијата за енергетика. Модератор на трибината беше Христијан Делев.

Гоце Димовски, зборуваше за говореше за економското влијание на гасификацијата. Тој кажа дека од тој, од економскиот аспект гасификацијата е неопходна за одржување на раст и развој на една земја.

 

-Инвестициите гасоводната инфраструктура овозможуваат пред се развој на економијата во една држава, а пред се развој на секторот градежништво, кој кога е активно развиен во една земја дополнително ангажира, односно вклучува уште 25 стопански гранки во една земја. Импактот на инвестициите во гасоводната инфраструктура е пред се позитивен, односно овозможуваат поголем економски раст и развој на една земја, изјави Димовски.

Тој кажа дека и самото одржување и управување на гасоводната инфраструктура отвора можности за создадавање на нови работни места.

-Гасификацијата кога би ја дефинирале од економски аспект, би претставувала клуч за конкурентна економија, односно самата гасификација сама по себе значи поевтин енергенс за сите луѓе, односно почист воздух за сите граѓани. Придобивките од употребата на гасот како поевтин енергенс, се големи и значајни, изјави Димовски.

Тој ги истакна придобивките кои пред се ги имаат компаниите во европските држави и САД, кои како енергенс го користат гасот. Врз база одредени студии Димовски кажа дека е докажано дека тие компании имаат намалени трошоци, со што профитот се зголемува. Ова како што кажа Димовски значи дека тие може да ја зголемат рентабилноста, што автоматски би значело поглема конкурентност на пазарот.

-Употребата на гасот како енергенс овозможува пониски трошоци за производство на електрична енергија. Многу важен факт е што гасот како енергенс, овозможува поголема заштита на животната средина. Гасот како евтин енергенс значи намалени трошоци, зголемена конкурентност, односно претставува битен адут за привлекување на странски директни инвестиции, изјави Димовски.

Димовски напомена дека можноста да се користи гасот во домаќинствата, претставува бенефит бидејќи доаѓа до намалување на трошоците за струја и за греење, што носи до позитивен импакт врз стандардот на граѓаните е мислењето на Димовски.

-Важна предност од гасификацијата, е што употребата на гасот како енергенс кај граѓаните и компаниите, овозможува исто така потреба и на постоечките енергенси. Така да, може да употребуваат и некој од останатите енергенси, а и гасот како дополнителен енергенс кој е доста поевтин, изјави Димовски.

 

 

 

27.09.2017 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега