ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер во Европа кој е фатен како бара мито

Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е фатен како бара мито од 200 000 евра од бизнисмен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За тоа има јасни видео материјали кои можеше целата македонкса јавност да ги види, а кои претставуваат непобитни докази за тоа како Зоран Заев работел во Струмица и за тоа како планира да работи во цела Македонија. Ништо не може да го оправда за криминалот што го има направено Заев. Однесувањето на митаџијата Зоран Заев е срам за неговата партија, но и за цела Македонија. Тое ќе биде казнето на 15 октомври од граѓаните, стои во партиското соопштение.

 
 

 

 

27.09.2017 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега