ВМРО-ДПМНЕ: Делчевчани добро го познаваат Горан Трајковски и неговите постапки во минатото

Од центарот на Делчево кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски вчера на еден дрзок и крајно лицемерен начин се обиде да ја искриви реалноста на неговиот минат труд и да го избрише колективното паметење на граѓаните на нашиот град. Граѓаните се прашуваат дали и кога Горан Трајковски во неговата идилична прес-конференција кажа дека ќе работи чесно, мислеше на наводнoто чесно работење на текстилната фабрика во која тој имаше сопственички удел во минатото?

Ова денеска го изјави Кристи Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Трајковски треба да им одговори на граѓаните како беа набавени дел од машините за шиење во оваа фабрика.

-Г-дине Трајковски одговорете и на јавноста дали сте биле дел од истрагата за незаконско прибавување на опрема за работа на оваа фирма? Дали се вистините тврдењата на јавноста дека на дел од добавувачите на оваа текстилна фабрика им должите пари и истите немате намера да им ги вратите. Дополнително кажете и на делчевската и целата македонска јавност дали е вистина дека поради вакви и слични должничко-доверливи односи вие лично сте учествувале во физички пресметки со вашите дотогашни соработници?, праша Стојковски.

Му порача на Трајковски дека доколку има барем грам совест треба да одговори на овие прашања.

-Дали бруталните плукања врз трудот и маката на земјоделците од Делчево и цела Македонија за вас г-дине Трајковски во минатата сезона имаат воопшто нешто заедничко со самопрогласениот живот на вашиот лидер Зоран Заев? Или пак за вас животот за делчевчани подразбира лажење на лекарите и зголемувањето на нивната плата. Лажење на пензионерите за растот на нивните пензии. Лажење на работниците со фамозната просечна плата од 500 евра? Како не ви е срам да ветувате изградба на филтер станица на вода за пиење за делчевчани? Кога за истиот овој проект, иако се обезбедени финансии за негова имплементација, од актуелниот градоначалник на Делчево, штетните и деструктивни политики на вашиот лидер, Зоран Заев ја спречуваат реализацијата на овој егзистенцијален проект за Делчево?, праша Стојковски.

Му порача на Трајковски дека граѓаните на Делчево добро го познаваат, додавајќи дека граѓаните ќе го поразат на претстојните локални избори на 15 октомври.

 

 

 

 

26.09.2017 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега