Груевски: Нашата визија е стабилен и реален раст на БДП кој во просек треба да е 4% или повеќе

Ние сме оние кои ги остваруваат работите и ние можеме и мораме да направиме економијата да расте. ВМРО-ДПМНЕ може тоа да го оствари, нашата визија е следна: Стабилен и реален раст на БДП кој во просек треба да е 4% или повеќе. Ние ова може да го оствариме. Реално. Потребен е поголем приход по глава на жител, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

-Според класификациите на Светската Банка во моментот Македонија со околу 5 илјади долари приход по глава на жител Македонија влегува во горниот дел на групата средно развиени држави според приходот. Во 2006та бевме со 3300УСД , па и покрај економските и политички кризи се направи сериозен прогрес. Нашата визија е преку сеопфатен напредок и развој на економијата земјата да влезе во групата на високо развиени земји според приходот со над 12 000 долари по глава на жител, во која група држави сега се Хрватска, Унгарија, Полска, Латвија и други. Oстварувањето на долгорочен и одржлив економски раст, зголемувањето на конкурентноста на економијата и на вработеноста, како и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните се приоритети на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Македонската економија, рече Груевски, се повеќе ќе се заснова на иновации на приватниот сектор, кои се посилно ќе бидат подржувани и стимулирани од државата. Најнапредните економии во светот  се економии базирани на иновации. Донесувањето на законот за поттикнување на иновации  и формирањето на фондот за подршка на иновациите и технолошкиот развој кои веќе профункционираа се само почетна база за стимулирање и развој на иновациите кај приватниот сектор и образованието. Покрај оваа создадена основа која ќе продолжи да се надокнадува, потребно е посериозно инвестирање на средства од страна на државата и општините во подршка на иновациите и старт ап компаниите засновани на иновација. Во таа насока започна, и во иднина ќе се засили вградувањето во училиштата на посебни предмети за иновации, но и посебни делови во другите училишни предмети за иновации  по области.

-Развојот на претприемачкиот дух, освен што засилено ќе се промовира од рани години на образовниот процес, ќе биде зајакнат преку посериозни поттикнувања и стимулации од страна на централната и локалната власт. Отворањето на центри за истражување и развој на домашни или странски компании во Македонија ќе биде силно финасиски поммогнато преку директни субвенции и грантови од централната власт и општините. Трансферот на технологии и знаење ќе биде силно потикнат преку привлекување на голем број високо технолошки развојни мултинационални компании, на кои ќе им се нудат се нудат најдобри услови за бизнис во Европа, рече Груевски.

Странските инвестиции покрај компонентата вработување на невработените, како и неколку други компоненти, носи и многу значајна компонента на трансфер на знаење и технологии. Покрај дополнителните обуки и знаења, кои ќе ги добијат домашните инжињери и работници кои ќе станат дел од овие најуспешни високотехнолошки компании во светот, таквите компании ќе внесат и домашни компании во синџирот на нивни соработници и партнери. Успесите на ова поле со донесувањето на Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, но и некои домашни компании како Хаи Тек и други, се доказ дека трендот е започнат и успехот на новата ера на трансфер на технологии  и знаења ќе успее. Само потребен е фокус на тоа.

-Со нас, Македонија ќе цели да влезе во 5те највисоко рангирани држави во светот според Извештајот за Водење на Бизнис (Doing Business Report) на Светската Банка. во моментот е 10та во светот, од како во 2006тата беше рангирана на 94тото место. Со закон ќе се утврди дека јавниот долг нема да може да надмине неповеќе од 60 осто од БДП. Буџетскиот дефицит ќе биде ограничен на максимум три проценти од БДП, рече Груевски.

 

 

 

22.09.2017 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега