Данев: Законот за јазиците е само една димна завеса наспроти главните проблеми на граѓаните

Почитувана пратеничке Стојановска доаѓате од градот Гостивар кој покрај Тетово, Сарај и Кичево СДСМ доживува навистина една сериозна кадровска криза бидејќи не можеа да најдат човек кој е  чесен, одговорен и искрен кој го има рејтингот кај гостиварци, ова од собраниската говорница го истакна Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Гостиварци утре имаат протест во кои колегите Џафери и Мемеди ќе штрајкуваат против градоначалникот Бејта. И кога сме кај овие трендовски нови протести кои што ги нарекува Стевананџија протест на себе сами и една новинарка денес имаше ФБ статус вели вака: Граѓанинот Јани Макрадули вчера протестираше вчера за почист воздух против заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, вториот Јани рекол ќе преземе мерки ама не кажал какви, првиот Јани не знаеме што рекол зошто никој не го прашал што бара на протест, ова е денес Република Македонија и политичкиот амбиент во кои работиме во Република Македонија. Жално и трагично, тие што треба да преземат средства за прочистување на воздухот во Скопје и оние кои што бараа доверба од граѓаните денес протестираат сами против себе, вели Данев.

Тој додава дека овој закон за јазиците е само една димна завеса наспроти главните проблеми на граѓаните на Република Македонија.

-Граѓаните на Гостивар веќе не се надеваат дека ќе дојде некоја нова странска инвестиција во нивниот град како што е дојдено во Тетово нова странска инвестиција која ќе отвори илјадници работни места и тие веќе не се надеваат дека ќе почне со изградба автопатот Кичево Гостивар како што почнаа да се градат автопатите Миладиновци Штип и Кичево Охрид. Тоа се генералните проблеми што ги мачат граѓаните, потенцираше Данев.

 

 

 

 

22.09.2017 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега