Србов: Анѓушев потпомогнат од Заев ги крши законите во низа

Анѓушев потпомогнат од Заев ги крши законите во низа. Социјалдемократскиот сојуз упатува порака кон граѓаните дека за врхушката на власта не важи ниту еден закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот комитет на партијата, Никола Србов истакна дека Владата на СДСМ го прекршила Изборниот закон, и во период пред избори извршила пренамена на земјиште, со цел фирмите на Кочо Анѓушев да градат милионски објекти.

-По кршењето на Изборниот закон од страна на владата со цел пренамена на земјиштето за градба, Анѓушев го крши Законот за градење и почна со градба на својата хидроелектрана „Тополка“ пред одобрението за градба да стане правосилно. Според информациите што ги објавија медиумите, Анѓушев отпочнал со градба 6 дена пред законски предвидениот рок. Фотографиите објавени од страна на медиумите направени на терен го потврдуваат криминалот на Кочо Анѓушев. Анѓушев прави кривично дело и директно го крши чл.65 од Законот за градење, кој вели: – Инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење, појаснува Србов.

Потенцира дека согласно закон одобрението е правосилно 15 дена по издавањето, одобрението е издадено на 11-ти септември, а Анѓушев со градбата почнал на 20-ти септември, односно 6 дена порано.

-Законот е дециден и не остава простор за провизорно толкување. Анѓушев тоа го знае, но сепак се решил истиот да го заобиколи. Челниците на владата на Социјалдемократскиот сојуз влегуваат од криминал во криминал. Заев и Анѓушев се однесуваат како законите во Република Македонија да не важат за нив. Ова е двократно кршење на законите од страна на Заев и Анѓушев во период од неколку дена. ВМРО-ДПМНЕ го повикува градежниот инспекторат и надлежното Јавно обвинителство да постапат согласно закон и да  го санкционираат оваа безаконие. Ваквото безаконие не смее да остане неказнето. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите прекршители на законите кои вршеле криминал со цел да и се додворат на врхушката на власт ќе одговараат, истакна Србов.

Вели дека граѓаните први ќе му стават крај на ваквиот криминал и оти на 15 октомври ќе речат „НЕ“ за безаконието кое го создава СДСМ.

 

 

 

 

22.09.2017 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега