Данев: Новата реформска влада на СДСМ донесе пад на просечната плата и пад на економијата

Денес во Прилеп започна со работа новата инвестиција која што со помош на ангажманот на Никола Груевски и Бил Павлевски се отвора „Акомпласт“ и заедно со новите инвестиции како Гентерм  и WIK во Прилеп ќе овозможат над три илјади вработувања, истакна од собраниската говорница Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-А наспроти ова имаме нешто друго, па така според зборовите на Тунтев поради јакиот економски тим на новата реформска влада имаме по падот на просечната плата во јуни од 0,7 проценти, сега во јули нов пад од 0,6 проценти и пад на економијата од 2 проценти и од оваа по реформска влада никој не можеше да очекува, вели Данев.

Тој вели дека законот за јазиците е гол пазар помеѓу СДСМ и ДУИ и овој закон влегува во процедура само поради две цели: Едната цел е дека ВМРО-ДПМНЕ е против Албанците и втората цел е договор за заеднички кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Скопје и Чаир.

-Овој договор исто така не е од сега, ова го договараа губитниците од парламентарните избори за парламентарно мнозинство и еве го договорија неуставниот закон и ова е неделовничка процедура.

 

 

 

21.09.2017 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега