Ермира Асани и официјално е член на ДИК

Ермира Асани од денеска и официјално е член на ДИК. По свечената заклетва пред претседателот на Собранието, таа вети дека ќе работи во согласност со позитивните законски прописи, односно за слободни и демократски избори. Ермира Асани е потпретседателка на Движењето Беса и претседателка на форумот на жените во оваа партијата. Таа во ДИК доаѓа на местото на Бедредин Ибраими, од ДПА. Именувањето на Асани во ДИК следи по законските измени, според кои најголемата опозициска партија од редовите на Албанците треба да има член на највисокото изборно тело.

Денеска, пред претседателот на Собранието дадов заклетва дека мојата работа ќе ја вршам совесно и одговорно. Ова ќе биде мојата посветеност цело време додека сум член на ДИК. Ќе се посветам максимално да го дадам мојот придонес во рамките на Уставот и законите на Република Македонија. Нам ни останува да почекаме и да се надеваме дека овие избори ќе бидат фер, слободни и демократски.“ – изјави Ермира Асани, член на Државната изборна комисија.

 

 

 

21.09.2017 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега