Јовановски: СДСМ треба да објаснат пред граѓаните која е потребата од Законот за јазици

Блаже Коневски има една голема мисла „Името ни е многу големо, ќе пофтат да ни го земат“. Експертска јавноста нема затоа што е криминален и шверцерски закон (Законот за јазици), вели на денешната собраниска седница пратеникот Крсто Јовановски.

-Не е важно дали се кршат Уставот и законите, важно е за нив дека тие  се „реформи“. Кога СДСМ имал принцип да отстои на она што го кажал? Никогаш. До пред извесен период колегата Тунтев велеше Тиранска платформа нема, ама еве има. Тоа беше основа за да се формира вештачки парламентарно мнозинство и да не убедуваат дека ова овде сега било потребно, нагласи Јовановски.

Тој вели дека СДСМ бегаат од дебата, а треба да објаснат пред граѓаните која е потребата од овој закон, за еднограѓанско општетство.

 

 

 

 

21.09.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега