Манчев: Зошто е потребно во Прилеп и во Струмица униформите во полицијата, во војската да бидат двојазични?
Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница денеска истакна дека пратениците од СДСМ, ниту самите уште не веруваат што ќе бидат принудени да изгласаат во однос на Законот за јазиците.
-За законот за употреба на јазиците се предвидува комплетна двојазичност на целата територија на Република Македонија. Двојазичност се предвидува насекаде, во сите државни органи и тела на централнои на локални ниво, јавни претпријатија и установи, општествени и приватни субјекти почнувајќи од претседателот на Република Македонија до најситната клетка во месната канцеларија. На целата територија во Република Македонија, според член 1, став 1, и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а според став 2, друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така е службен јазик и неговото писмо, појасни Манчев.
Потенцираше дека во сите органи на државната власт во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
-Зошто е потребно во Прилеп и во Струмица униформите во полицијата, во војската да бидат двојазични? Зошто е потребно натписот на сите јавни установи и во Прилеп и во Струмица да биде двојазично? Знаеме сите дека во Струмица нема ниту една албанска фамилија. Кому ќе му биде тоа од помош? На албанскиот народ? Сигурно не. Зошто е потребно сите овие промени да ги усвоиме на еден ваков избрзан начин?, праша Манчев, додавајќи дека никој не е против некој да го зборува сопствениот јазик.
Тој праша и зошто пред локалните избори мора да се донесе ваков закон, под европско знаменце.
-Која е привилегијата овој закон да го има знаменцето? И што ќе му послужи на албанскиот јазик кога ќе има натпис во Струмица?, праша Манчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа