Димков: Реагираме на неуставноста од носењето на овој закон и на злоупотребата на европското знаменце

Дебатата не треба да не плаши, но ја нема од страна на СДСМ. Загрижен сум на она што сакаат противуставно, незаконски, неделовнички да се донесе, вели пратеникот Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието.

-Ме загрижува Заев, Шекеринса, Спасовски, носителите на ова кое го прават бидејќи ќе бараат поддршка за локалните избори. Ние не смееме да ги носиме луѓето во заблуда. Реагираме на неуставноста од носењето на овој закон, на злоупотребата на европското знаменце, реагираме на нетранспарентноста на донесување на овој предлог закон, реагираме зошто нема јавна расправа, на прекршувањето на овој предлог закон, вели Димков.

 

 

 

 

 

20.09.2017 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега