Со видео снимка уценуван играч на ПСЖ- му барале 200.000 евра

 

Медиумите од Франција пишуваат за нов „случај Валбуена“, откако левиот бек на ПСЖ, Лајвин Курзава бил уценуван со компромитирачко видео и му било барано да плати 200.000 евра.

Нов скандал во францускиот фудбал, но за разлика од Матју Валбуена, кој беше уценуван со секс снимка, Лајвин Курзава требал да искешира 200.000 евра за да си ги задржи шансите за настап во дресот на „Триколорите“.

Како што пренесуваат медиумите, левиот бек на ПСЖ бил снимен во бар како упатува критики и навредливи зборови на адреса на Дидје Дешам, а правел и непристојни гестикулации за селекторот на Франција.

Па за да не биде објавено ова видео, на Лајвин Курзава му биле побарани пари, според АФП сумата била 200.000 евра, а според Еуроп 1 таа изнесувала 100.000 евра.

Фудбалерот целиот случај веднаш го пријавил во полиција, била отворена истрага и три лица биле уапсени во близина на домот на играчот, каде што тие го чекале да ги остави парите.

Подоцна биле уапсени уште две лица за кого постоело сомнеж дека биле дел од групата која го уценувала Лајвин Курзава.

 

 

 

18.09.2017 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега