Вардар се сели од Филип Втори - поради превисоката цена Арената ќе зјае празна
Не само мечот со Ренова во среда, туку и сите наредни до крајот на есенскиот дел, Вардар како домаќин ќе ги игра на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
На овој потег шампионот се одлучил откако цените на услугите за користење на Арената скокнаа до небо. Како што јавува Македонски спорт повикувајќи се на неофицијални информации, Вардар ќе инвестира во „Борис Трајковски“ во иднина, со цел играчите да имаат подобри услови.
Во меѓувреме, Арената за која државата потроши сериозна сума на пари ќе зјае празна, а македонските прволигаши ќе “кршат нозе“ на стадионите низ Македонија од кои, поголемиот дел не ги задоволуваат ниту најниските стандарди на УЕФА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа