Слабо оди продажбата на билетите за Вардар - Зенит: Југ и север половина празни
Под очекувањата оди продажбата на билетите за вечерашниот премиерен натпревар на македонскиот шампион Вардар против руски Зенит.
Најмногу карти има за северната трибина и тоа во блоковите каде билет чини 1.200 денари.
Само за север според последната проверка во продажба има уште 5878 карти.
Скоро иста е ситуацијата и на југ. Таму во продажба има 4462 карти, главно во блоковите каде билетот чини 1200 денари, но може да се најде и по некое седиште во блоковите на аглите, каде биле чини 600 но и 900 денари.
Нешто под 3.000 карти во продажба има и за западната трибина, каде што традиционална ќе бидат сместени најверните навивачи на Вардар, Комити. Таму билет е 600 денари.
Најмалку слободни места, очекувано има на источната трибина, каде што се очекуваат неколку стотици руски навивачи. На исток во продажба има 2356 билети по цена од 600 денари.
Вкупно, во овој момент во продажба има 15.692 билети што е речи си половина од капацитетот на Телеком Арена.
Сите заинтересирани можат да си купат карта оналјн на овој линк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа