Одложен мечот од Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи
Поради настапите на македонскиот фудбалски шампион, Вардар, во групната фаза на Лига Европа, очекувано Натпреварувачката комисија на ФФМ донесе одлука Куп-натпреварот меѓу „црвено-црните“ и Шкупи да биде одложен.
Мечот требаше да се одигра на 13-ти овој месец, но поради фактот што вардарци само ден подоцна го играат својот прв натпревар во ЛЕ против рускиот гигант Зенит, натпреварот со Шкупи нема да се одржи во договорениот термин.
Засега датумот на одигрување на овој меч сè уште не е утврден, додека останатите седум меча ќе започнат во предвидениот термин, в среда со почеток од 15.30 часот.
Дефинитивно најинтересен осминафинален двомеч ќе биде оној меѓу Работнички и Шкендија, додека бранителот на титулата, Пелистер ќе се сретне со второлигашот Борец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа