Ливерпул и Барселона се договориле за Кутињо
Ливерпул конечно се согласи да го продаде бразилскиот играч Филипе Кутињо. Според англиските медиуми премиерлигашот од продажбата на Кутињо ќе заработи 160 милиони евра.
До реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот останува уште неполни два дена со оглед на истекот на преодниот рок утре на полноќ.
Барселона пред неколку дена се засили со Осман Дембеле, а со доаѓањето на Кутињо на „Камп Ноу“ раководството и стручниот штаб очекуваат силен среден ред.
Претходно во Барселона пристигнаа Паулињо, Семедо и Деулофеу.
30.08.2017 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа