Почнува новата сезона во СЕХА лигата

 

Со трите натпревари од 1.коло денес ќе почне седмата сезона на регионалната ракометна СЕХА лига. Во новото првенство ќе играат 10 екипи.

Бранител на трофејот е македонскиот шампион Вардар, а од нашата земја во силното натпреварување ќе учествува и Металург. Два претставника ќе имаат и Хрватска (Загреб и Нексе) и Словенија (Горење и Цеље). Од Белорусија во лигата ќе учествува Мешков Брест, а од  Словачка (Татран Прешов). Војводина и Динамо Панчево се екипите кои во СЕХА ќе ја претставуваат Србија.

Голема загуба за СЕХА лигата ќе биде неучеството на Веспрем. Унгарскиот великан досега два пати го освојувал трофејот. Без претставник ќе биде и Босна и Херцеговина, откако на Борац Бања Лука му беше забрането учеството поради необезбедени соодветни услови за ТВ преноси.

Двојки за денешните три средби:
Татран Прешов – Мешков Брест,
Војводина – Динамо и
Горење – Цеље.

Утре е дуелот Загреб – Нексе, а на 2 септември е македонската пресметка меѓу Металург и Вардар.

 

 

 

30.08.2017 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега