ФОТО: Ова е авторот на најсподелуваната фотографија од Суперкупот во Скопје
Македонскиот фоторепортер Борис Грданоски е авторот на најсподелуваната фотографија од Суперкупот во Скопје на која фудбалерот на Манчестер јунајтед Маруан Фелаини има направено смешна фаца.
– Благодарам за оваа фотографија. Навистина е интересна – напиша Фелаини на „Твитер“, откако си го виде изразот на лицето.
Од синоќа сите ја споделуваат фотографијата, а малкумина знаат дека е дело на Грданоски, дописник на агенцијата „Асошијетед прес“.
Нашиот Грданоски, познат меѓу колегите како Боро, повеќе од 20 години работи како дописник на АП. Кариерата како фоторепортер ја почнал во „Нова Македонија“, а потоа ја продолжи во дневниот весник „Вест“ каде што работеше како уредник на фотографија се до последниот број на весникот кој престана да се печати пред два месеци.
Граноски во својата богата кариера со апаратот ги има забележано сите важни настани во поновата македонска историја. Но, за одбележување е неговата посета во Уганда, во Гулу, северна област и град во Уганда, каде што тој ѝ погледнал в очи на еболата во ноември 2000 година, како фоторепортер за „Асошиејтед прес“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа