Вака не се собрале одамна: Еве кои познати Македонци го следеа фудбалскиот спектакл во живо од арената „Филип Втори“
Голем број љубители на фудбалот и фанови на големите клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, вчеравечер (08.08) се собраа во националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Градот пулсираше во ритамот на спортот и натпреварувачкиот дух, а Скопје како домаќин на УЕФА купот достојно ги дочека и испрати големиот број гости кои покрај примарната цел – да го следат натпреварот, имаа можност подобро да се запознаат со македонската култура и да прошетаат низ главниот град во земјава.
Меѓу оние кои имаа шанса и среќа да стигнат до влезници во своите раце беа и повеќето наши познати личности, кои не пропуштија на социјалните мрежи да се пофалат дека непосредно ќе го проследат натпреварот од трибините и ќе навиваат за својот фаворит во полн ефект.
Па така, меѓу бројната фудбалска публика се појавија: Влатко Лозаноски, Влатко Илиевски, ракометарот Стојанче Стоилов, младата Антониа Гиговска која имаше чест да запее на отворањето, потоа водителката Живкица Каленикова, Димитар Атанасовски, Марјана Станојковска, манекенката Катарина Ивановска, тапанарот на „Браво бенд“ Дејан Младеновски и други…
Секој од нив приложи фото доказ од трибините или билетот, а на крај повеќе или помалку среќни или разочарани од резултатот, уживаа во еден голем спотски спектакл за кој сигурно ќе зборуваат и наредните денови…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа