Роналдо првпат резерва кај Зизу - Португалецот стартува од клупа по две и пол години

 

На непријатно изненадување на македонската јавност, Кристијано Роналдо е само резерва во Суперкупот на Европа против Манчестер Јунајтед. За првпат под Зинедин Зидан, Португалецот не се најде во стартниот тим, иако Зизу често го користеше ротациониот систем, во кој Роналдо не ни патуваше на одредени гостувања во Примера. 

Роналдо само 14 пат е резерва на натпревар на Реал Мадрид од 397 натпревари. Последен пат Роналдо беше на клупата на натпревар од Купот на Кралот против Атлетико Мадрид во јануари 2015 година, кога „кралевите“ беа елиминирани од комшиите.

Ќе видиме колку среќа и успех ќе му донесе оваа одлука на Французинот во Скопје. 

 

 

 

08.08.2017 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега