Радост за Скопјани - гужвите во сообраќајот од септември стануваат минато
-Возачите во Скопје од септември ќе почувствуваат значителна промена додека се движат по улиците - онаму каде што има метеж, зеленото светло ќе трае подолго, чекањето ќе биде пократко, а колоните ќе останат само спомен. Освен заштедата во време и покусите патувања без нервози, граѓаните ќе штедат и бензин, а и аерозагадувањето ќе се намали. Сето тоа ќе се случи благодарение на новиот сообраќаен компјутерски систем што Градот го пушти во употреба на 26 јули, наречен Центар за управување и контрола на сообраќајот (ЦУKС), пишува весникот Дневник.
“Умната“ компјутерска програма е клучна во функционирањето на Центарот. На ѕидот во опремениот ЦУKС има големи монитори на кои се гледа движењето на илјадници автомобили на 30 булевари и улици во Скопје. Поставените ротирачки камери на семафорските лантерни, односно електронските јамки поставени под асфалтот го праќаат сигналот до ЦУКС, пренеува Дневник.
Како што објавува весникот, не неколку локации во Скопје веќе се поставуваат електронски табли кои ќе им овозможат на скопјани да бидат информирани каде има метеж, каде се копа, дали некоја улица е затворена или дали има сообраќајна несреќа.
На неколку локации низ Скопје веќе се поставуваат електронски табли на кои секојдневно граѓаните и возачите ќе може да прочитаат каде дента има метеж, каде се копа коловоз, дали некоја улица е затворена или има сообраќајна незгода. Знаците ќе имаат променлива содржина, а ќе ги ажурираат вработените во Центарот за контрола и управување со сообраќајот (ЦУKС).
Дисплеите ќе никнат кај Општината Гази Баба, кај Зоолошката градина, на улицата Борис Трајковски (поранешна Првомајска) и на булеварите Партизански одреди и Јане Сандански.
Граѓаните ќе можат да се информираат и на веб-страницата на ЦУKС, а ќе им бидат достапни и на сите кои користат паметни мобилни телефони.