Илинден продава уште 12 парцели во новата населба „Јака“

 

Општина Илинден објави продажба на уште 12 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“. На заинтересираните овој пат им се нудат градежни парцели со големина од 385 до 561 метри квадратни.

 

Како што информираат од Општината, почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратен, а пријавите за учество треба да се достават до 06.09.2013 година.

Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која се наоѓа на само 10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

 

Освен 12-те парцели наменети за изградба на семејни куќи во тек е и објавата за електронско јавно наддавање на градежно земјиште за изградба на лесна и незагадувачка индустрија со површина на градежната парцела од 14.947 метри квадратни. Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела изнесува 148,00  денари од метар квадратен, а пријавите за учество можат да се достават до 03.09.2013 година. 

најчитано сега