СКАНДАЛ: Македонскиот репрезентативец Алиоски со соиграч „украл“ телевизор
Одличните изданија во дресот на Лугано, но и настапите во дресот на Македонија, се причина што Езџан Алиоски го привлече вниманието на медиумите, но изгледа дека популарниот Џани сака да биде на насловните страни и во периодот додека трае зимската пауза од шампионатот на Швајцарија.
Македонскиот репрезентативец заедно со неговиот колега Давиде Маријани биле незадоволни од големината на телевизорот во собата, поради што не можеле да играат „Плестејшн“. Па тие нашле решение за проблемот, но не многу паметно, без никој да забележи тие го украле најголемиот телевизор во фоајето. Тие се соочиле со проблем кога кражбата на телевизорот била пријавена.
Од управата на Лугано спровеле истрагам а на крајот телевизорот бил вратен откако било утврдено дека Алиоски и Маријани само го позајмиле во својата соба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа