Што мислат обложувалниците за мечот Исланд- Македонија, кој е фаворит?

 

Исланд и Македонија во четврток во меѓусебен дуел ќе решат за третото место во групата Б. Математиките се такви да овој натпревар е да се биде или не за Исланд, бидејќи “рибарите“ со евентуален пораз ќе бидат елиминирани од првенството, а Македонија и со пораз ќе продолжи понатаму, но ќе налета на Франција во осминафиналето.

Според светските обложувалници, Македонија важи за благ фаворит во пресметката, но тоа не мора ништо да значи. Коефициентот за победа на Македонија се движи околу 1,95, додека за победа на Исланд 2,25.

ssss

Кога Македонија е во прашање, математиките се јасни, ние имаме обезбедно пласман во осминафиналето, но не е сеедно дали на крајот ќе завршиме трети или четврти во групата. Македонија може дури и до првото или второто место, но за тоа покрај победа над Исланд во последното коло, ќе ни треба и чудо утре против Шпанија и триумф над “црвената фурија“.

Доколку Македонија успее да го победи Исланд, или одигра нерешено, тогаш со сигурност ќе го освои третото место во групата, што ќе значи избегнување на дуел со Франција во осминафиналето и натпревар против Норвешка за влез меѓу осумте најдобри. Доколку пак по некое чудо Македонија слави утре над Шпанија и во четврток против Исланд, тогаш нашите ракометари би го освоиле првото или второто место и би играле против Бразил или Русија во осминафиналето, кои секако се далеку полесни противници од Франција и Норвешка.

 
 
17.01.2017 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега