Ракомет СП Франција: Македонија е во осминафиналето

 

Македонија е меѓу најдобрите 16 репрезентации во светот. Иако „црвено-жолтите“ денеска не играа, сепак се радуваат на влез во нокаут фазата. Тоа е благодарение на ремито меѓу Словенија и Тунис (28:28), во меч од четвртото коло во групата, 

Вистинска драма се случуваше во Мец. Словенија на полувремето водеше со 15:13, но во вториот дел Тунис се разигра. Африканците имаа високи три разлика, на три минути пред крајот (28.25). Сепак, Словенија не се предаде и со серија од 3:0 стигна до реми. Блаж Јанц даде гол на 4 секунди до крајот.

Погодокот на Јанц најмногу ја израдува Македонија. Тоа е така бидејќи Тунис остана на два бода, додека Македонија веќе има четири бодови и подобар меѓусебен дуел со Африканците. Со ваков расплет, стана јасно дека Македонија сигурно ќе биде меѓу најдобрите четири во групата и ќе игра во осминафиналето.

Во последните два меча од групата, избраниците на Лино Червар ќе играат против Шпанија и Исланд. На овие мечеви „црвено-жолтите“ ќе се обидат да стигнат и до третото место во групата. Против „црвената фурија“ играме утре, додека в четврток е дуелот со Исланд. 

 
 
17.01.2017 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега