Се продаваат уште 12 парцели во новата скопска населба „Јака“
Општина Илинден објави продажба на уште 12 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“. На заинтересираните овој пат им се нудат градежни парцели со големина од 385 до 561 метри квадратни. Почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратен, а пријавите за учество треба да се достават до 06 септември.
Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која се наоѓа на само 10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири