На есен повторно ќе се бара нов газда на скопскиот Луна Парк
Град Скопје планира на есен повторно да биде распишан тендер, на кој ќе се бара инвеститор за модернизација на скопскиот „Луна парк“, пишува Плусинфо. Распишувањето на нов тендер доаѓа откако бизнис идејата на последната избрана фирма, беше одбиена поради некомплетна документација.
- Планот е во септември повторно Советот на Град Скопје да расправа и да одобри тендер на кој повторно ќе се понуди стариот „Луна парк“. Во разговори со надлежните од странската фирма која имаше најголема желба да го преземе паркот, да го модернизира и да стопанисува со него, сме известени дека стојат на истиот став и дека повторно ќе се пријават на тендерот, изјавил портпаролот на Град Скопје, Неделчо Крстевски, пренесува Плусинфо.
Скопскиот Луна парк е изграден во 1973 година и зафаќа околу 20.000 квадратни метри.
ФОТО: Нова Македонија