Пратеничката Маринела Тушева роди синче
Вчера вечерта се породи пратеничката на СДСМ, Маринела Тушева. Таа доби здраво машко детенце, тешко 3630 грама. Нејзиниот сопруг Бојан Маричиќ ја објави веста на својот Фејсбук профил.
-3,630 килограми среќа и 51 сантиметар убавина и неизмерна радост. Нека е жив и здрав Ведран Маричиќ и неговата силна мајка Маринела, напиша радосниот татко ма Фејсбук.