Костовска: Нема потреба за паника од западнонилската треска

 

Во Македонија е регистриран првиот случај на западнонилската треска. Се работи за 57-годишна жена која засега е добро, ја прима соодветната терапија, а се заразила од вирусот во земјава.

Д-р Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство апелира дека нема потреба за паника кај населението, пренесе Плусинфо.

- Во случај на симптоми, ќе се вршат дијагностицирања и ќе се дава соодветна терапија. Да се мачкаме со средства кои ги одбиваат комарците, на вратите и прозорците да се ставаат комарници, како и да не се чува вода во буриња и други садови по дворовите, како и да се исушуваат баричките и вирчињата, затоа што водата е средина во која комарците се размножуваат, појаснува таа за Плусинфо.

Кај 20 од заразените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка и слично, а само кај еден отсто од заразените може да се јават посериозни компликации:  менингитис, енцефалитис, полиомиелитис-парализа.

ФОТО: Денешен

најчитано сега