Традицијата продолжува - Ресторанот Скопски Мерак прослави 25 години успешна гурманска приказна

 

Вчеравечер Скопски Мерак, свечено ја прослави 25годишнината со пријатна атмосфера, вкусна храна, пијалок и трационална музика. Сите присутни на настанот беа задоволни и исполнети со позитивни реакции од прекрасната вечер.

Желбата да работат што е можно подобро во интерес на нивните гости, како и  долгогодишното искуство, му овозможи на ресторанот да ја задржи професионалноста и традиционалноста. Ресторанот е наменет за сите гурмани, посебно за љубителите на традиционална, интернационална и медитерајанска кујна.

 

Со голем капацитет за гости и со прекрасна тераса, Скопски Мерак веќе 25 години одговара на потребите на своите гости, и нуди насмевка на лицата на оние кои го посетиле локалот.

Ресторанот Скопски Мерак, својата работа ја започна во Мај 1991та година, во Дебар Маало, со цел да воведат нови и подобри стандарди во угостителството, и после 25 години водени од истата цел, денес работат нанова локација во срцето на истата населба и е еден од најреномираните и најпосакуваните ресторани во градот и понатаму ќе продолжат да ја градат оваа успешна приказна.

 

 
 
26.05.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега